Соопштенија
Акција - “Македонија без отпад 2013”
Почитувани граѓани
Министерството за животна средина и просторно планирање и асоцијацијата “Ајде Македонија”, согласно заклучокот на 91-та седница на Владата на РМ ќе ја спроведе акцијата “Македонија без отпад 2013”. Акцијата е со цел да се исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места и да се зголеми свеста кај граѓаните за правилно управување со отпадот и да се развијат механизми за поддршка на граѓаните, општините и други засегнати групи за подобро да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање отпад во нивните заедници. Согласно Планот за воведување на услугата собирање и транспортирање на отпад во руралните средини кој е усвоен од Советот на Општина Велес, започнувајќи од 01.11.2013г. во населбата Отовица за прв пат ќе се воведе организирано собирање на отпад од страна на ЈКП “Дервен”.
По тој повод, Општина Велес се вклучува во националната акцијата со генерално чистење на населбата Отовица. Исто така во рамките на акцијата, свое учество ќе земат и сите основни и средни училишта од Општина Велес, преку организирање и спроведување на еколошки секции од страна на наставниците и учениците. Акцијата ќе се спроведе на 05.10.2013г. (сабота), со почеток во 09.00 часот.
Со решавање на долгогодишниот проблем со отпадот на оваа локација ќе се придонесе за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, ќе се растерети животната средина од отпад и ќе заштити рекреативниот центар “Езеро Младост” кој е во непосредна близина.
Со почит,
Општина Велес