Соопштенија
Соопштение за јавна равна презентација и јавна анкета - Нацрт Измена и дополнување на ДУП за дел од Велес локалитет станбена единица МЗ Алексо Демниевски (дел) дел од УЕ7, дел од УБ 43
Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на Р.М. број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното
СООПШТЕНИЕ
Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
за Нацрт Измена и дополнување на детален урбанистички план за дел од Велес локалитет станбена единица МЗ Алексо Демниевски (дел) дел од УЕ7, дел од УБ 43 КО Велес Општина Велес
Граници на опфатот се оските на улиците :
југо - исток: дел од ул. “Васил Главинов”;
северо - запад: дел од ул. “Благој Ѓорев”;
југо - запад: пешачка улица и
северо - исток: спој на ул. “Благој Ѓорев” и ул. “Васил Главинов”;
Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 0,62 ха.
Нацрт Измена и дополнување на детален урбанистички план за дел од Велес локалитет станбена единица МЗ Алексо Демниевски (дел) дел од УЕ7, дел од УБ 43 КО Велес Општина Велес ќе биде изложен во Граѓанскиот сервис центар од 07.10.2013 – 21.10.2013 година секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот.
Нацрт планот ќе биде изложен и на веб страната на Општина Велес – www.veles.gov.mk
Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.
Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 16.10.2013 година (среда) со почеток во 12.00 часот.
Градоначалник
на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев