Соопштенија

Соопштение за јавна равна презентација и јавна анкета за Нацрт Детален урбанистички план за дел од УБ 45, во УЕ 8 - Општина Велес

Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на Р.М. број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

за Нацрт Детален урбанистички план за дел од УБ 45, во УЕ 8 - Општина Велес

Границите на планскиот опфат се следните:

улица “Игманска” од северна страна,
улица “Питу Гули” и нејзините ограноци од североисточна, југоисточна и југозападна страна.

Површината на планскиот опфат изнесува 1,4 ха.

Нацрт Детален урбанистички план за дел од УБ 45, во УЕ 8 - Општина Велес ќе биде изложен во Граѓанскиот сервис центар од  07.10.2013 – 21.10.2013 година секој работен ден од 08.00  до 16.00 часот.
Нацрт планот ќе биде изложен и на веб страната на Општина Велес – www.veles.gov.mk
Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.
Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 16.10.2013 година (среда) со почеток во 12.30 часот.
      
Градоначалник
на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев