Соопштенија
Демант на обвинувања искажани на прес конференција
Почитувани,
Имајќи ги предвид денешните обвинувања врз Општина Велес, за да не остане јавноста посиромашна за вистината по ова прашање, Ве известуваме дека:
Согласно Програмата на Општина Велес за активностите во областа на културата, глава III, реден број 1 – Обележување на значајни настани и личности, Општина Велес даде целосна поддршка на програмата што за 11-ти Октомври на Спомен-костурницата ја организираше ОО на СЗБ од НОВ и ги задолжи општинските училишта да се вклучат во нејзината реализација. На сите места утврдени за поставување знамиња низ градот и дополнително на Спомен-костурницата на 10.10.2013 година беа поставени, а на 12.10.2013 беа извадени, знамиња на Република Македонија и Општина Велес. Знамињата ги постави ЈКП „Дервен“ по налог добиен од Општина Велес.
Инаку, Општина Велес во континуитет реализрира голем број на активности и манифестации за одбележување на значајни настани и личности кои се поврзани со НОВ. Таквите одбележувања во најголем дел ја сочинуваат Програмата усвоена од Советот на Општина Велес, која ќе Ви ја доставиме во прилог за да целокупната слика биде сосема појасна.
• 6 јануари
70 години од загинувањето на Киро Ќучук, Нонча Камишова, Стојан Бурчевски, Киро Неделков и Јордан Јорданов
• 9 јануари
70 години од загинувањето на Благој Кирков
• 14 јануари
70 години од загинувањето на народниот херој Благој Страчковски и првоборецот Славе Петков
• 21 февруари
69 годишнина од Февруарскиот поход
• 14 март
71 години од Штрајкот на учениците во велешката гимназија
• 7 април
69 година од загинувањето на народниот херој Димче Мирчев
• 21-23 април
71 години од формирањето на ВПО „Димитар Влахов и 69 години од формирањето на ПО „Трајче Петкановски”
• 9 Мај
Ден на победата над фашизмот
Ден на Европа
• 13 јуни
70 година од загинувањето на Кочо Рацин
• 13 јули
62 години од смртта на Панко Брашнар
• 2 Август
69 години од I Заседание на АСНОМ
• 2 Септември
71 години од формирањето на Осмата македонска народноослободителна ударна бригада
• 2 септември
72 Години од загинувањето на Коле Неделковски
• 6 септември
52 години од смртта на Алексо Демниевски –Бауман
• 10 Септември
69 години од загинувањето на борците на Осмата МНОУБ кај месноста Раштански колиби
• 14 септември
71 години од масакрот на Пуста Кула
• 17 септември
Посета на меморијалните споменици во Горно Врановци
• 11 Октомври
Ден на востанието на македонскиот народ
• 24 октомври
69 години од загинувањето на Јовче Тесличков
• 31 октомври
33 години од смртта на Бане Андреев –Ронката
• 9 Ноември
Денот на ослободувањето на Велес – општински празник (и денот на формирањето на Народно-ослободителниот одбор на Велес)
• 19 Ноември
77 години од загинувањето на Ганчо Хаџи Панзов
• 10 декември
71 години од загинувањето на семејствата Митреви и Капчеви
• 13 декември
71 години од загинувањето на Благој Ѓорев
• 16 декември
71 години од загинувањето на браќата Кошулчеви
Ова само ја потврдува грижата на Општина Велес за континуитано негување на историските вредности и традиции. Некоректно е преку партиска говорница да се упатува порака дека општината се обидува да ги игнорира борците кои се бореле за оваа земја. Тоа е во спортивност на достоинството на сите граѓани на Општина Велес.
Со почит,
Општина Велес