Соопштенија

Покана за јавни расправи по нацрт-докуентите на Општина Велес за 2014 година

Почитувани,

Општина Велес Ве поканува на јавни расправи по нацрт-документите на општината за 2014 година. Јавните расправи ќе се одржат на  24.10.2013 година (четврток)  во големата сала на Општина Велес и тоа:

  • за претставниците од:  областите на образованието, културата, здравствената и социјална заштита, како и од здруженија и фондации ( невладини организации, културно уметнички друштва, спортски клубови итн.) и сите заинтересирани граѓани со почеток во 16:30 часот и
  • за претставниците од урбани и месни заедници со почеток во 18:30 часот

На Јавните расправи ќе бидат разгледувани Нацрт – документите на Општина Велес за 2014 година:

  1. Нацрт-програма за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес за 2014 година.
  2. Нацрт-програма за изработка на урбанистички планови во Општина Велес во 2014 година.
  3. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на локалниот економски развој во 2014 година.
  4. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на информатичката технологија (ИТ) во 2014 година.
  5. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на  заштитата на животната средина во 2014 година.
  6. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2014 година.
  7. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2014 година.
  8. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2014г.
  9. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита во 2014 година.
  10. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на спорт и млади во 2014 година.
  11. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес за поддршка на граѓанскиот сектор во 2014година.
  12. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и управувањето со кризи во 2014 година.
  13. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на промоција и комуникација со јавноста и меѓународната соработка во 2014 година.

Нацрт- документите што ќе бидат презентирани на Јавната расправа можете да ги превземете во електронска верзија од веб страната на Општина Велес (линк за превземање на документите)
Вашите забелешки по нив можете да ги упатите на засебниот линк за коментари.


Со почит,

Градоначалник
на Општина Велес,
м-р Славчо Чадиев