Соопштенија

РЕАКЦИЈА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС НА ПРЕСКОНФЕРЕНЦИЈАТА НА СДСМ

Општина Велес нема да одговара на провокации што имаат за цел политизирање на историјата и празниците. Големината на денешниот празник и придобивките од револуционерното дело на македонските херои припаѓаат на сите Македонци подеднакво. Општина Велес во континуитет ги чествува сите оние празници кои го симболизираат стремежот на македонскиот народ за слобода без разлика на времето во кое се случил историскиот настан.

За празникот 11-ти октомври – Денот на народното востание, Општина Велес даде целосна поддршка на програмата што на Спомен-костурницата ја организираше ОО на СЗБ од НОВ и ги задолжи општинските училишта да се вклучат во нејзината реализација, додека утрешниот празник беше одбележан со свечена академија во салата Бели мугри. Потсетуваме дека 23-ти октомври е Ден на македонската револуционерна борба како континуитет во остварувањето на целите за слобода на македонскиот народ. Општина Велес ќе продолжи со чествувањето сите празници кои го обележуваат историското минато, бидејќи празниците се тие кои што треба да не обединуваат. Тие ни припаѓаат на сите нам, и тука не треба да има никакви поделби.