Соопштенија

Времено преуредување на сообрќајот од 01.11.2013 до 03.11.2012 - „Питијада 2013“

Почитувани сограѓани

Поради одржување на манифестацијата „Фестивал на пити и вино – Питијада 2013 “ на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес во периодот од 01.11.2013 година со почеток во 10.00 часот па се до 03.11.2012 година до 20.00 часот, сообраќајот времено се преуредува и тоа:

  • Ќе биде затворена за сообраќај улицата Благој Ѓорев, на потегот од крстосницата со ул. Наум Наумовски Борче и ул. Оливер Китановски (кај Гимназијата) па се до крстосницата со ул. Љубљанска (црква Св. Кирил и Методиј).
  • По улицата Алексо Демниевски Бауман, од спој со ул. Благој Ѓорев до спој со ул. Наум Наумовски Борче и улица Вардарска, ќе се одвива двонасочен сообраќај (од Пошта до семафорите).
  • Двонасочен сообраќај на улицата Благој Ѓорев, на потегот од зградата на Поштата до спојот со улица Васил Ѓоргов (од Пошта до Болница и Којник).
    Уредувањето на пренасочувањето на сообраќајот ќе биде со поставување на соодветна вертикална сигнализација – сообраќајни знаци, бариери и асистенција на полиција.
  • Паркирањето на возилата кои се од страна и кои се гости на манифестацијата ќе се врши во дворот на Гимназијата Кочи Рацин и на паркингот на ЕВН.
  • Да се избегнува паркирање на возила на ул. Лазо Осмаков заради непречено и безбеднно одвивање на сообраќајот по таа улица во периодот на одржување на манифестацијата.

Се замолуваат сите граѓани на Општина Велес доколку постои можност да се воздржат од користење и паркирање на своите возила на локацијата каде што ќе се одржува манифестацијата „Питијада 2013” како би се избегнале евентуални гужви и непријатни ситуации.

Со почит,
Градоначалник на Општина Велес,
Славчо Чадиев