Соопштенија
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Се известуваат граѓаните на Општина Велес кои се даночни обврзници по основ на данокот на имот и сите правни лица и трговци поединци, обврзници по основ на комунална такса за назив на фирма и данок на имот дека даночната администрација на Општина Велес ги достави решенијата за данок на имот и комунална такса, за 2013 година.Општина Велес ги повикува сите даночни обврзници кои при доставата од било кои причини не добиле решение за данок на имот и комунална такса, да дојдат во Граѓанскиот сервис центар на Општина Велес, во Општинската зграда и да ги подигнат објавените решенија. Доколку граѓаните не ги подигнат решенијата согласно Законот за општата управна постапка ќе се сметаат за уредно доставени. Рок за извршување на обврската за подмирување на даноците согласно Законот за даноците на имот е 15 ноември, 2013 година.
Доколку даночните обврзници до овој рок не го подмират својот долг, нивната обврска ќе биде зголемена за износот на затезна камата за ненавремено плаќање, утврдена со закон и други дополнителни трошоци согласно преземените мерки за присилна наплата.
Општина Велес овозможува секој граѓанин или правно лице да направи увид во даночната состојба по електронски пат.
Двонасочниот електронски сервис http://edanoci.veles.gov.mk , Ви овозможува со внесување на единствениот даночен или матичен број и лозинката што ја имате на решението да направите увид во даночната состојба.
Општина Велес апелира до сите граѓани, даночни обврзници да ги подмират своите обврски по основ данок на имот и комунална такса и со тоа да придонесат за развојот на Велес.
Исполнете ја вашата граѓанска обврска, подмирете го данокот на имот.Со Вашата совесност придонесувате за изградба на нова инфраструктура и поубав Велес.
Со почит,
Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес