Соопштенија

ИЗВЕСТУВАЊЕ - за изработка на Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Локална урбанистичка планска документација за стопански комплекс со намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија на локалитет мв Ашауа КО Караслари

Врз основа на член 61 став 5 и член 69 став 1 од Законот за животната средина (”Службен весник на РМ“ број 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13), и член 4 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (”Службен весник на РМ“ број 147/08, 45/11), Општина Велес го објавува следното:


ИЗВЕСТУВАЊЕ

за изработка на Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Локална урбанистичка планска документација за стопански комплекс со намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија на локалитет мв Ашауа КО Караслари – Општина Велес

Податоци и информации:
1.Назив на органот: Општина Велес
Адреса: ул. “Панко Брашнар” бр.1 Велес

2.Назив на планскиот документ: Локална урбанистичка планска документација за стопански комплекс со намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија на локалитет мв Ашауа КО Караслари – Општина Велес
Краток опис на документот: Од страна на Општина Велес започната е постапка за донeсување на Локална урбанистичка планска документација за стопански комплекс со намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија на локалитет мв Ашауа КО Караслари. Се работи за локална урбанистичка планска документација со површина од 25.66ha која ја зафаќа границата на планскиот опфат, со класа на намена Г-производство, дистрибуција и сервиси, подкласа Г2 - лесна и незагадувачка индустрија. Планскиот документ е на локалитет мв Ашауа, КО Караслари, Општина Велес кој е предвиден да зафати простор - земјоделско земјиште со ниска класа на бонитет кое ќе се пренамени во градежно земјиште за развој на стопански комплекс со објекти со класа на намена Г2 - лесна и незагадувачка индустрија.
Целта на донесување на планот е планирање на зона за стопанство со акцент на развој на мали и средни претпријатија и поттикнување на претприемништвото, со што ќе се зголемат локалните инвестиции во општината и ќе се отворат нови работни места.

3.Назив и број на Одлука: Решение за спроведување на стратегиска оцена со бр. 15-8133/2 од 10.09.2013г. од Министерство за животна средина и просторно планирање.

4.Засегнати органи: Министерство за животна средина и просторно планирање, Градоначалник на Општина Велес.

5.Редослед на активностите во постапката за донесување на планскиот документ: Локална урбанистичка планска документација за стопански комплекс со намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија на локалитет мв Ашауа, КО Караслари – Општина Велес се донесува со решение од страна на Градоначалникот на Општина Велес.

6.Засегната јавност:
-Месна заедница Караслари
-Бизнис сектор

7.Начин на вклучување на засегнатата јавност: Сите информации во врска со Извештајот за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Локална урбанистичка планска документација за стопански комплекс со намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија на локалитет мв Ашауа КО Караслари – Општина Велес и Локална урбанистичка планска документација за стопански комплекс со намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија на локалитет мв Ашауа КО Караслари – Општина Велес ќе бидат достапни во:
- Граѓанскиот сервис центар на Општина Велес, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот. Граѓаните на посебен формулар може да ги дадат своите забелешки во однос на Извештајот;
- на www.veles.gov.mk
Јавната расправа ќе се одржи на 26.11.2013г. (вторник) во просториите на Општина Велес, со почеток во 12.00 часот.

8.Дополнителни информации поврзани со изработката на документот:
Зоната е во непосредна близина на автопат Е75. Со ова се зголемува атрактивноста и вредноста на зоната за инвестиции и се зголемува вредноста на земјиштето од ниска класа на земјоделско земјиште во градежно земјиште.
Влијанијата врз животната средина се очекуваат во фаза на спроведување на планот при градба на објектите и нивна употреба кои ќе се решат со засебни документи за влијание врз животната средина - студии за оцена на влијанието на проектите врз животната средина и елаборати за заштита на животната средина.
Ако се има во предвид дека планираниот опфат е со намена лесна и незагадувачка индустрија, се очекува перспективно да се развијат дејности кои немаат кумулативно влијание врз животната средина.
Новото планско решение ќе има позитивен, долготраен ефект заради зголемување инвестициите во општината и отворање на нови работни места.