Соопштенија
ПОСЕТА НА УРБАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ „9-ТИ НОЕМВРИ” И „ВАСА КОШУЛЧЕВА”
Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев и претседателот на Советот на Општина Велес Александар Колев, на ден 22.11.2013 година (Петок), ќе ги посетат урбаните заедници „9-ти Ноември” и „Васа Кошулчева” и ќе остварат средба со граѓаните од овие делови на градот. Средбата во УЗ „9-ти Ноември” е со почеток од 17.00 часот и ќе се одржи во просториите на урбаната заедница, додека од 18.30 часот во Големата сала на Општина Велес ќе се одржи средбата со УЗ „Васа Кошулчева”.
Целта на средбата е жителите од овие урбани заедници да ги изнесат приоритетите и проблемите со кои тие се соочуваат но исто така и да се запознаат со проектите кои општината во иднина планира да ги реализира во оваа населба, во рамките на програмите за работа на Општина Велес во 2014 година.
Средбите на градоначалникот и претседателот на Советот со урбаните и месните заедници се особено значајни за непосредната комуникација на жителите со локалната самоуправа. Притоа на овој начин се создаваат и повеќе можности за спроведување на оние проекти со кои директно се подобруваат условите за живеење на сите граѓани.
Со почит,
Општина Велес