Соопштенија
ПОСЕТА НА МЕСНИТЕ ЗАЕДНИЦИ „БУЗАЛКОВО” И „РАШТАНИ”
Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев и претседателот на Советот на Општина Велес Александар Колев, денес 25.11.2013 година (Понеделник), ќе ги посетат месните заедници „Бузалково” и „Раштани” и ќе остварат средба со граѓаните од овие делови на градот. Средбата во МЗ „Бузалково” е со почеток од 17.00 часот, а со МЗ „Раштани” од 18.30 часот. Двете средби ќе се одржат во просториите на училиштата.
Со почит,
Општина Велес