Соопштенија

СООПШТЕНИЕ - „Ден на дрвото 2013“

Се известуваат граѓаните на Велес дека Акцијата „Ден на дрвото 2013“ ќе се реализира на ден 27 ноември 2013 година (среда) со пошумување на локација м.в. Колиба (пристапен пат кон Езеро Младост). Акцијата ќе се изведе на површина од 5 хектари. Автобусите поаѓаат по следниот распоред :
 
- Основен Суд Велес во 8.30 и во 10.30 часот
- ЕВН ЕСМ во 8.30 и во 10.30 часот и 
- пред ОССУ „Коле Неделковски“ во 8.30 часот.
 
Општина Велес ги поканува граѓаните и овојпат активно да се вклучат во акцијата „Ден на дрвото“ и да придонесат кон создавање на здрава и чиста животна средина за сегашните и идните генерации. Се молат граѓаните да бидат трпеливи заради лимитираниот број на автобуси. Сите граѓани-учесници во акцијата ќе бидат пренесени и вратени од локацијата за пошумување.

Со почит,
Општина Велес