Соопштенија
ЈАВЕН ПОВИК - простор за јавна продажба на производи по повод престојните Новогодишни празници
ОПШТИНА ВЕЛЕС
MUNICIPALITY OF VELES
Врз основа на член 50, став 2 од Законот за локалната самоуправа, Сектор за урбанизам и заштита на животната средина, комунални дејности, сообраќај, патишта, локален екомоски развој и информатичка технологија, на ден 11.12.1013 година, објавува
ЈАВЕН ПОВИК
Општина Велес по повод престојните Новогодишни празници организира простор за јавна продажба на производи и тоа: на платото - просторот пред Основниот суд во Велес, за период од 25.12.2013 година до 05.01.2014 година.
Продажбата ќе се врши на сопствени производи, предмети или сувенири изложени на посебни поставени тезги, обезбедени од страна на општината - преку ЈКП „Дервен“.
Ги повикува сите заинтересирани лица (трговци, трговци поединци и др.) кои се заинтересирани своите производи, предмети и сувенири да ги изложи за продажба, тоа да го направи на следниот начин:
-да достават барање до Општина Велес во Граѓанскиот сервис центар;
Со поднесувањето на барањето истите го регулираат статаусот на обезбеден простор и дозвола за приклучување на струја до изложбениот простор.
Тезгите на кои треба да бидат изложени предметите за продажба ќе бидат издадени и поставени од страна на ЈКП „Дервен“ Велес и истите ќе бидат нумерирани.
За обезбедување на тезгата во утврдениот термин, заинтересираните лица, по добивањето на согласност од Општина Велес, ќе се обратат до ЈКП „Дервен“ РЕ „Пазари“ или на тел:231-011 локал 110.
НАПОМЕНА:
Поставувањето на сопствени тезги, маси и др. подвижни предмети за изложување без одобрение од надлежниот орган на општината, комуналната инспекција при Општина Велес согласно своите надлежности ќе превземе соодветни инспекциски мерки според законските одредби кои ја регулираат оваа материја.
Број 13-8636/1
11.12.2013 година
Велес
ЗА ОПШТИНА ВЕЛЕС
Сектор за урбанизам и заштита
на животната средина, комунални дејности,
сообраќај, патишта, локален екомоски развој
и информатичка технологија
РАКОВОДИТЕЛ
Деан Стојанов