Соопштенија

Соопштение - секој Вторник и Четврток, приемни денови за сите граѓани на Општина Велес

Почитувани сограѓани

Како градоначалник на Општина Велес донесов одлука секој Вторник и Четврток во неделата да бидат мои приемни денови за сите граѓани на Општина Велес. Средбите во просториите на Општина Велес ќе започнат во 09.00 часот, и ќе траат се до приемот на сите заинтересирани граѓани. Вие ќе имате можност од мене, а и од целокупната општинска администрација да побарате одговор на прашања кои се од Ваш интерес, да ги изнесете своите проблеми и да побарате решение за истите. Вашите забелешки, сугестии, идеи и предлози ќе бидат од големо значаење за мене како градоначалник и за локалната самоуправа воопшто.

 

Приемните денови од овој тип во наредниот период ќе продолжат да се одвиваат секоја работна недела.

Ова претставува директна реализација на моето ветување за редовен и непосреден контакт со граѓаните. Јас како градоначалник и во наредниот период ќе продолжам да работам исклучиво во интерес на граѓаните Општина Велес, излегувајќи во пресрет на сите нивни потреби.

Со почит!
Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес