Соопштенија
СООПШТЕНИЕ - реконструкција на Градскиот стадион
Се известуваат сите жители на Општина Велес, дека работите на реконструкција на тревнатата површина на Градскиот стадион влегуваат во завршна фаза. За таа цел се врши поставување на завршен фин слој на дренажен материјал врз кој ќе биде поставена тревнатата подлога. Со цел да не дојде до оштетување на подлогата сите пристапи кон атлетската патеката ќе бидат времено затворени, почнувајќи од 22.02.2014 година.
Со почит,
Oпштина Велес