Соопштенија
Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ ДУП за УЕ 1, УБ 2, УБ 7 и УБ 9 за плански период 2014-2019
Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10 и 51/11), Градоначалникот на Општина Велес, на ден 25.02.2014 година, донесе
Одлука за спроведување на стратегиска оцена
1. За планскиот документ ДУП за УЕ 1, УБ 2, УБ 7 и УБ 9 за плански период 2014-2019, кој го донесува Општина Велес потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
2. Како органи засегнати од имплементација на планскиот документ ДУП за УЕ 1, УБ 2, УБ 7 и УБ 9 за плански период 2014 - 2019 се определуваат следните: Министерство за транспорт и врски, Министерство за животна средина и просторно планирање, Совет на Општина Велес.
3. За планскиот документ ДУП за УЕ 1, УБ 2, УБ 7 и УБ 9 за плански период 2014-2019, за чија изработка е одговорено Општина Велес, а го донесува Советот на Општина Велес, донесувањето на планскиот документ ДУП за УЕ 1, УБ 2, УБ 7 и УБ 9 за плански период 2014- 2019 ќе има влијание врз животната средина.
4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: Сегашната состојба со животната средина во рамките на планскиот опфат; Влијанијата врз животната средина со планираните намени - од зона А1- домување, Б1- комерцијални и деловни намени, В2- здравство и социјална заштита, Г2-лесна индустрија (стопанство), дистрибуција и сервиси, Д-зеленило, Д2-заштитно зеленило и Е- инфраструктура; Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животна средина (воздух, почва, води, население и човеково здравје) и Индикаторите преку кои ќе се следи реализацијата на планското решение.
5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Велес на следната веб адреса/и: www.veles.gov.mk.
6. Против оваа одлука јавноста има право на жалба до Министерство за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.
Име и презиме
ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев