Соопштенија
Повторно можност за вработување преку ССОУ „Коле Неделковски“ - Велес
Согласно стратегиите и политиките за вработување на Владата на Република Македонија и планираните активности за вработување и ублажување на невработеноста: Оперативен план за активни програми и мерки за вработување за 2014 година на Владата на Република Македонија - Програма за подготовка за вработување - мерка 5.3 A. - обука за задоволување на побаруваните занимања на пазарот на трудот како и состојбата и структурата на невработените лица за кои се потребни соодветни мерки за вработување, денеска во ССОУ „Коле Неделковски“ започна обуката на кандидати за побауваното занимање на пазарот на трудот „ИЗРАБОТУВАЧ НА БРАВАРСКИ ПРОИЗВОДИ“.
На пријавените кандидати во наредните четири месеци (три месеци теоретска и практична обука во училиштето и еден месец обука во реални услови кај работодавец) ќе им се овозможи брзо стекнување на преквалификација/квалификација на неквалификуваната работна сила за пазарот на трудот.
Со примената на овој начин на реализација на обуките, се овозможува постојано надградување на стручната оспособеност како на вработените така и на невработените за следење на новите технологии, односно се остварува вистинска флексибилност на системот на стручното образование, како и потребата од доживотно учење, што се наметнува како неопходност во Република Македонија.
ССОУ „Коле Неделковски“ е едиствено училиште од градот кое мината и оваа година повторно е вклучено во Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување. Дека овие мерки се успешни покажува фактот што минатата година сите кандидати кои ја завршија обуката за монтажер за метални конструкции и производи се вработија кај социјалниот партнер на ССОУ „Коле Неделковски“ - металната индустрија „Брако“.
Да им посакаме среќа и успех во обуката на годинашните кандидати и желба за побрзо вработување.