Соопштенија
Распоред за плакатирање
Градоначалникот на Општина Велес, согласно член 78 од Изборен законик – пречистен текст („Сл.весник на РМ“ бр.32/14), донесе Објава за утврдување на места на кои е дозволено да се истакнуваат изборни плакати со обезбедени еднакви услови за сите организатори на изборната кампања учесници во претседателските избори во 2014 година бр. 08-1699/1 од 21.02.2014 година и Објава за утврдување на места на кои е дозволено да се истакнуваат изборни плакати со обезбедени еднакви услови за сите организатори на изборната кампања учесници во предвремените парламентарни избори во 2014 година бр. 08-3073/1 од 31.03.2014 година.
Врз основа на објавата во точка А. Закачување на изборни плакати на електрични столбови, столбови за улична расвета, распоредот на плакатирање на организаторите подносителите на листи пооделно е следниот:
Локациите се групираат во 5 (пет) пооделни делници од повеќе улици во градот и тоа:
1. првата делница ги опфаќа точките А-2 ул.„Петре Прличко“ со 12 столба, А-3 ул„ Димитар Влахов“ со 26 столба, или вкупно 38 односно, од кои:
- за сите 4 учесника (за претседатели) по 4 столба и
- за сите 10 учесника (за парламентарни) по 2 столба.
Напомена: столбовите за истакнување на изборни плакати за учесници за претседателски избори ќе бидат одбележани со зелена боја по реден број од утврдената единствена листа на кандидат за претседател на РМ или (од 1 до 4).
Напомена: столбовите за истакнување на изборни плакати за учесници за парламентарни избори ќе бидат одбележани со црвена боја по реден број од утврден од единствена листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието на РМ или ( од 1 до 5 и од 7 до 11).
Трасата на оваа групирана делница почнува од ул.„Петре Прличко“ од Стар мост од страната на Детската градинка, преку пазар до Автобуска станица, понатаму од почеток од ул.„Димитар Влахов“ –Жито маркет се до бензинската пумпа на Лук -оил.
2. втората делница ги опфаќа точките А-1 ул.„Алексо Демниевски -Бауман“ од Бензиска пумпа до пошта со 16 столба и А-9 ул.„Алексо Демниевски-Бауман“ од ф-ка Благој Ѓорев до Железничка станица со 9 столба, или вкупно 25 од кои:
- за сите 10 учесника (за парламентарни) по 2 столба.
- за сите 4 учесника (за претседатели) по 1 столб.
Напомена: столбовите за истакнување на изборни плакати за учесници за парламентарни избори ќе бидат одбележани со црвена боја по реден број од утврден од единствена листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието на РМ или ( од 1 до 5 и од 7 до 11).
Напомена: столбовите за истакнување на изборни плакати за учесници за претседателски избори ќе бидат одбележани со зелена боја по реден број од утврдената единствена листа на кандидат за претседател на РМ или (од 1 до 4).
Трасата на оваа групирана делница почнува од ул„ Алеско Деминевски-Бауман“ од почетокот пред пошта и завршува пред Железничката станица.
3. третата делница ги опфаќа точките А-7 ул.„АСНОМ“ со 32 столба и А-8 ул.„Борис Трајковски“ со 16 столба, или вкупно 48 од кои:
- за сите 4 учесника (за претседатели) по 4 столба и
- за сите 10 учесника (за парламентарни) по 3 столба.
Напомена: столбовите за истакнување на изборни плакати за учесници за претседателски избори ќе бидат одбележани со зелена боја по реден број од утврдената единствена листа на кандидат за претседател на РМ или (од 1 до 4).
Напомена: столбовите за истакнување на изборни плакати за учесници за парламентарни избори ќе бидат одбележани со црвена боја по реден број од утврден од единствена листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието на РМ или ( од 1 до 5 и од 7 до 11).
Трасата на оваа групирана делница почнува од ул.„ АСНОМ“ од почетокот (пред управната зграда на Жито Вардар) до пред Топилница и потоа продолжува по целата ул.„Борис Трајковски“ започнувајќи од зградата пред ВУК па се до Трговскиот центар до спојот со ул.„Благој Ѓорев“.
4. четвртата делница ја опфаќа точката А-10 ул.„Вардарска“ со 30 столба од кои:
- за сите 4 учесника (за претседатели) по 2 столба и
- за сите 10 учесника (за парламентарни) по 2 столба.
Напомена: столбовите за истакнување на изборни плакати за учесници за претседателски избори ќе бидат одбележани со зелена боја по реден број од утврдената единствена листа на кандидат за претседател на РМ или (од 1 до 4).
Напомена: столбовите за истакнување на изборни плакати за учесници за парламентарни избори ќе бидат одбележани со црвена боја по реден број од утврден од единствена листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието на РМ или ( од 1 до 5 и до 7 до 11).
Трасата на оваа делница започнува од бензиската пумпа на Мак петрол кај (Градски базен) па се до Шорка.
5. петата делница ги опфаќа точките А-6 ул„Благој Ѓорев“ со 86 столба, А-5 ул.„Страшо Пинџир“ со 3 столба и А-4 ул„Гоце Делчев“ со 7 столба или вкупно 96 од кои:
- за сите 4 учесника (за претседатели) по 6 столба и
- за сите 10 учесника (за парламентарни) по 7 столба.
Напомена: столбовите за истакнување на изборни плакати за учесници за претседателски избори ќе бидат одбележани со зелена боја по реден број од утврдената единствена листа на кандидат за претседател на РМ или (од 1 до 4).
Напомена: столбовите за истакнување на изборни плакати за учесници за парламентарни избори ќе бидат одбележани со црвена боја по реден број од утврден од единствена листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието на РМ или ( од 1 до 5 и од 7 до 11).
Трасата на оваа групирана делница почнува од ул„ Благој Ѓорев“ од Тунел 2 па се до Македонска Пошта, па продолжува со почетокот ул.„Страшо Пинџур“ (фонтана) па до крајот на ул.„Гоце Делчев“ (кружен тек).
За точка А-11, А-12, А-13, А-14, А-15 и А-16 од Објавата, плакатирањето ќе се врши по едно место за секој ученик (кандидати за претседател и кандидати за парламетарни).
Редоследот на редните броеви е превземен од извршеното жребување за гласачкото ливче, односно учениците ќе плакатираат на одбележан број кој ќе го означи бројот што го имаат од гласачкото ливче, според ждребувањето од Државната изборна комисија и тоа:
за Претседател
Одбележаниот бр. одговара на ждребуваниот бр. |
подносител на листа |
1 |
Ѓорѓе Иванов |
2 |
Иљаз Халими |
3 |
Стево Пендаровски |
4 |
Зоран Поповски |
и за пратеници
Одбележаниот бр. одговара на ждребуваниот бр. |
подносител на листа |
1 |
Социјалдемократски сојуз на Македонија и др. |
2 |
Демократска партија на Албанците |
3 |
Достоинство за Македонија |
4 |
Демократска унија за интеграција |
5 |
Коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и др. |
7 |
Народно движење за Македонија |
8 |
Коалиција ГРОМ |
9 |
Коалиција за позитивна Македонија |
10 |
ВМРО Народна партија |
11 |
Социјалдемократска партија на Македонија |
Што се однесува за плакатирањето во делот Б-поставување на монтажно-демонтажни паноа, останува да се почитува наведеното во објавата.
Број 08-3073/2
07.04.2014 година
Градоначалник
на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев