Соопштенија

ИЗВЕСТУВАЊЕ - Извештај за Стратегиска оцена за влијание врз животната средина на ДУП за дел од УЕ 1, УБ 2, УБ 7 и УБ 9 , Велес

Врз основа на член 61 став 5 и член 69 став 1 од Законот за животната средина (”Службен весник на РМ“ број 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13), и член 4 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (”Службен весник на РМ“ број 147/08, 45/11), Општина Велес го објавува следното:

ИЗВЕСТУВАЊЕ

За изработка на Извештај за Стратегиска оцена за влијание врз животната средина на ДУП за дел од УЕ 1, УБ 2, УБ 7 и УБ 9 , Велес – Општина Велес

Податоци и информации:

1.Назив на органот: Општина Велес
Адреса: ул. “Панко Брашнар” бр.1 Велес

2.Назив на планскиот документ: Детален урбанистички план за дел од УЕ1, УБ2, УБ7 и УБ9 Велес – Општина Велес

Краток опис на документот:
Се работи за донесување на ДУП за град Велес, дел од УЕ 1, УБ 2,УБ 7 и УБ 9 со големина на опфат од  44,98 ха. Намената на просторот во рамките на планскиот опфат содржи:А1- домување,   Б1- комерцијални и деловни намени,  В2- здравство  и социјална заштита, Г2-лесна индустрија (стопанство), дистрибуција и сервиси, Д- зеленило, Д2- заштитно зеленило и Е- инфраструктура.
Главна цел на донесувањето на планскиот документ  е овозможувањето на услови за градба на  комплекс со различни намени кои ќе овозможат позитивни ефекти  со својата функција од аспект на повисока организација, инфраструктурна  опременост и уреденост на просторот. За задоволување на барањата за организирање на производство во помал обем, тн мало стопанство. Се предвидува зголемување на работната зона со нови површини за лоцирање на капацитетите за лесна и незагадувачка индустрија. Во зоната се потврдуваат постоечките објекти на комунална супраструктура, објект за домување, дел од лесна и незагадувачка индустрија и мал зелен појас во функција на заштита на зоната.
Назив и број на Одлука: Известување за спроведување на стратегиска оцена со бр. 15-2623/1 од 28.02.2014 год од Министерство за животна средина и просторно планирање.

3.Засегнати органи: Министерство за транспорт и врски, Министерство за животна средина и просторно планирање, Совет на Општина Велес

4.Редослед на активностите во постапката за донесување на планскиот документ: ДУП за дел од УЕ 1, УБ 2, УБ 7 и УБ 9 Велес- Општина Велес се донесува со Одлука на совет  на Општина Велес.

5.Засегната јавност:
- Општина Велес
- Бизнис сектор
- ЈП Македонски железници
 
6.Начин на вклучување на засегнатата јавност: Сите информации во врска со Извештајот за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за ДУП за дел од УЕ 1, УБ 2, УБ 7 и УБ 9 Велес–– Општина Велес ќе бидат достапни во:
- Граѓанскиот сервис центар на Општина Велес, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот. Граѓаните на посебен формулар може да ги дадат своите забелешки во однос на Извештајот;
- на www.veles.gov.mk
Јавната расправа ќе се одржи на 23. 04 2014 (среда) во просториите на Општина Велес, со почеток во 12.00 часот.

7.Дополнителни информации поврзани со изработката на документот:
Реализацијата на планскиот документ, се очекува да предизвика позитивни импулси и ефекти врз целото непосредно окружување од аспект на повисока организација, инфраструктурна опременост и уреденост на просторот и се разбира економски ефекти манифестирани преку привлекување на нова работна сила и вработување, доколку е базирана врз принципите на одржлив развој и се одликува со максимално почитување и вградување на нормативите и стандардите за заштита на животната средина. 

Ваквата идеја и иницијатива за развој на зоната за мало стопанство е во духот на преложениот концепт за интегрален и децентрализиран стопански развој. Ефикасната инфраструктурна опременост на овој простор и неговата поврзаност со околните населби треба да биде фактор за афирмација на комплексот, но и фактор за гравитациско влијание и поврзаност со поширокото окружување.
Новото планско решение ќе има позитивен, долготраен ефект заради зголемување инвестициите во општината и отворање на нови работни места.
 
ОПШТИНА ВЕЛЕС
Одделение за урбанизам, заштита на животната средина,
раководител
Зоран Мецановски