Соопштенија
Mостот Гемиџии ќе биде затворен за пешаци и сообраќај - реконструкција од 30.04.2014 до 31.08.2014 година
Почитувани,
Јавното претпријатие за државни патишта отпочна со санација на мостот Гемиџии, каде како изведувач на работите е Друштвото за завршни работи во градежништвото СИНТЕК ДОО увоз извоз Скопје. Градилиштето се организира по должината на мостот.
Се известуваат сите жители на Општина Велес, дека работите на реконструкција на мостот Гемиџии ќе се врши во период од среда 30.04.2014 до 31.08.2014 година во кој временски период мостот ќе биде затворен за пешаци и сообраќај.
Во тој временски период сообраќајот ќе се одвива согласно Основниот сообраќаен проект за времен режим на сообраќај преку Стар мост.
Со почит,
Општина Велес