Соопштенија

Известување - работни активности на улица Вардарска

Почитувани,

Општина Велес согласно Програмата за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес за 2014 година предвидува асфалтирање на дел од улица Вардарска на потег од управна зграда на ЈКП Дервен до халите на Ветекс.

На ден 08.05.2014 година економскиот оператор Изолација ДС ќе отпочне со припремни работи, поради што одвивањето на сообраќајот ќе биде во отежнати услови.

Се молат сите граѓани да ја почитуваат поставената вертикална сигнализација.

Со почит, Општина Велес