Соопштенија
СООПШТЕНИЕ за одржување на избори за членови на советите на урбаните заедници во градот
Продолжувајќи ги активностите за одржување на избори за членови на советите на урбаните заедници во градот, градоначалникот на Општина Велес м-р Славчо Чадиев ЗАКАЖУВА СОБИРИ НА ГРАЃАНИТЕ со следниот
ДНЕВЕН РЕД
1. Избор на Работно претседателство и записничар
2. Утврдување на бројот на членовите на урбаната заедница
3.Предлагање и утврдување на кандидати за членови на Советот на урбаната заедница
4. Избор на членови на Советот на урбаната заедница
5. Предлагање и избор на Надзорен одбор од 3 члена
Собирите во урбаните заедници ќе се одржат на ден 12.05.2014 година (понеделник) со почеток во 18,00 часот во просториите на:
1. Урбана заедница „Богдан Каракостев“ во поранешно ООУ „Ј.Х.К.-Џинот“ (сега зграда на факлутет за туризам);
2. Урбана заедница „Трајко Капчев“ во ООУ „Благој Кирков“;
3. Урбана заедница „Славе Петков“ - во просторите на МЗ „Славе Петков“;
4. Урбана заедница „Трајче Панов„ - во просториите на МЗ „Трајче Панов“;
5. Урбана заедница „Димче Мирчев“ - во ОСУ „Јовче Тесличков“;
6. Урбана заедница „Алексо Демниевски - Бауман“ во просториите на ОУД „Лазар Лазаревски“ (интеренат);
7. Урбана заедница „Тунел“ - во ООУ „Васил Главинов“;
8. Урбана заедница „Керамидна“ - во ООУ „Васил Главинов“;
9. Урбана заедница „9-ти Ноември“ - во просториите на урбаната заедница;
10. Урбана заедница „Населба Превалец“ - во подрачното училиште;
11. Урбана заедница „Населба Дурутовец“ - во продавницата;
12. Урбана заедница „Васа Кошулчева“ - во просториите на Општина Велес;
13. Урбана Заедница „Шорка“ - во ОСУ Гимназија „Кочо Рацин“ ;
14. Урбана заедница „Родна Ивева“ - кај продавницата.
Се молат граѓаните за присуство на собирите.
ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Велес,
м-р Славчо Чадиев с.р.