Соопштенија
Известување за изложба на акварели и скулптури
Ангел Димовски е роден 1952 година во Крнино, Велес. Се образувал во Училиштето за применета уметност во Скопје, студирал Историја на уметност со археологија, а во 1984 година дипломирал на Факултетот за ликовна уметност на отсекот за вајарство во класата на професор Петар Хаџи Бошков. Зад себе има 13 самостојни изложби во земјава и во странство, неговите дела се наоѓаат во приватните колекции во САД, Африка, Франција и Холандија, член е на ДЛУМ и на Француското друштво на ликовни уметници од 2002 година и добитник е на повеќе награди и признанија.Творештвото на Анѓел Димовски-Чауш во изминативе четири децении сведочи за импресивно мултимедијално творештво. Работи во различни медиуми и изразни ликовни дисциплини (цртеж, колаж, графика, како и слики-објекти во комбинирана техника), но скулптурата останува неговата примарна одредница со која и ке биде преставен во ликовниот салон во Велес. Многу од делата се базирани на предисториската пластика и артефакти, трансформирајќи ги историските артефакти во нивната визуелна опсервација, воспоставува современ дијалог со минатото, создавајќи надреалистички асоцијативни антропоморфни и зооморфни форми. “Делата од т.н. биолошка генеза со нагласени еротски содржини и пластичен израз, како и честите деформации или пренагласените делови на женските фигури упатуваат на пластичната експресија, а преставите на гротескно изведените скулптури водат во насока на новата фигурација”. На изложбата ќе бидат презентирани 30тина дела работени од 1971 до 2014 година и тоа скулптури работени во дрво, мермер, бронза и алуминиум,
Стефан Димовски е роден во Скопје во уметничкото семејство на македонскиот вајар Ангел Димовски – Чауш. Почнува сериозно да работи акварел од 1995 година. Имал една самостојна, а учествува на повеќе групни изложби на слики и акварели во Сан Рафаел, но исто така своите дела ги изложува во повеќе Галерии на југот од Франција. Во 2010/11 година влегува во 11-то издание на Италијанскиот Интернационален каталог за Модерна уметност MDS catalog internazionale d’arte moderna no 11-editrice d’arte cida roma. На оваа самостојна изложба ќе бидат презентирани 30 тина акварели во кои авторот соопштува една своја ликовна приказна исткаена со различна мотивска определба, како пејзажи, потоа серија на градби и актови. Во делата се забележува педантна разработка со лесно нанесени акварелни бои, суптилен колорит, специфичен ликовен јазик и познавање на техниката.