Соопштенија

Известување за активности по повод 20 Мај - Денот на пожарникарите на Република Македонија

По повод 20-ти Мај, Денот на пожарникарството на Република Македонија, во кругот на ТППЕ Велес во 12:00 часот  ќе се одржи свечена смотра на ваработените во ТППЕ. На свеченоста  ќе биде презентирана опремата што ја поседува единицата. Во периодот од 10:00-12:00 часот припадниците на ТППЕ со расположивиот возен парк и опрема ќе направат дефиле низ улиците на Велес,а волонтерите на ДПД „Видра“ на  три локации  во градот  ќе делат информативни флаери за заштита од пожари во стамбените објекти. Во рамките на обележувањето на празникот, денес на 19.05.20014 се одржува Репулички натпревар на на кој учествуваат ППЕ од сите 8 плански региони од Македонија. Екипата на Вардарскиот плански регион е составена од 6 лица, припадници на ППЕ од Велес, Кавадрци и Неготино.