Соопштенија
Покана за Собир на граѓани за избор на претседател и членови на урбаните заедници
Врз основа на член 78 став 2 од Статутот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.12/0,03/09 и 18/10), а согласно Одлуката за распишување на избори за членови на Советот на постојните урбани заедници во Општина Велес бр.08-3673/1 од 25.04.2014 година, Градоначалникот на Општина Велес м-р Славчо Чадиев, Ве ПОКАНУВА на 22.05.2014 година (четврток) со почеток во 19,00 часот да го одржиме Собирот на граѓани за избор на претседател и членови на урбаните заедници.
Собирот ќе се одржува со следниот
ДНЕВЕН РЕД
1.Избор на работно претседателство и записничар
2.Утврдување на бројот на членовите на урбаната заедница
3.Предлагање и утврдување на кандидати за членови на Советот на урбаната заедница.
4.Избор на членови на Советот на урбаната заедница.
5.Предлагање и избор на надзорен одбор од 3 члена.
Собирите во урбаните заедници ќе се одржат во просториите на:
1. Урбана заедница „Богдан Каракостев“ во поранешно ООУ „Ј.Х.К.-Џинот“ (сега зграда на факлутет за туризам);
2. Урбана заедница „Трајко Капчев“ во ООУ „Благој Кирков“;
3. Урбана заедница „Славе Петков“ - во просторите на МЗ „Славе Петков“;
4. Урбана заедница „Трајче Панов„ - во просториите на МЗ „Трајче Панов“;
5. Урбана заедница „Димче Мирчев“ - во ОСУ „Јовче Тесличков“;
6. Урбана заедница „Алексо Демниевски - Бауман“ во просториите на ОУД „Лазар Лазаревски“ (интеренат);
7. Урбана заедница „Тунел“ - во ООУ „Васил Главинов“;
8. Урбана заедница „Керамидна“ - во ООУ „Васил Главинов“;
9. Урбана заедница „9-ти Ноември“ - во просториите на урбаната заедница;
10. Урбана заедница „Населба Превалец“ - во подрачното училиште;
11. Урбана заедница „Населба Дурутовец“ - во продавницата;
12. Урбана заедница „Васа Кошулчева“ - во просториите на Општина Велес;
13. Урбана Заедница „Шорка“ - во ОСУ Гимназија „Кочо Рацин“ ;
14. Урбана заедница „Родна Ивева“ - кај продавницата.
Ве молиме за присуство на собирот.
ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Велес,
м-р Славчо Чадиев