Соопштенија
ПРОГРАМА НА 51-вите РАЦИНОВИ СРЕДБИ
12 јуни 2014 година (четврток)
20:30 часот
Група „Езерки" и оркестар „7/8" - Република Хрватска
Целовечерен концерт
Место: Младински парк - фонтана
13 јуни 2014 година (петок)
10:00 Грнчарска работилница -- ЗГ „Разбој"
Место: Спомен-куќа на Рацин
11:00 Промоција на електронската едиција на дела на сите добитници на Рациново признание
12:00 Симпозиум -- Рацин и вистината
Раководител на симпозиумот: проф.д-р Кристина Николовска
Место: Локална библиотека „Гоце Делчев" -- медиотека
17:00 Отворање на грнчарската работилница
Промоција на „Бели мугри" -- двојазично македонско-хрватско издание
Промотор: Раде Силјан
„1000 СВЕЌИ ЗА РАЦИН"
Перформанс на Васил Зафирчев
18:00 I чин -- Мало мовче
18:30 II чин - Градски саат
19:00 III чин -- Споменик на Рацин (центар)
Реч за Рацин
Поздравна реч: Панде Манолев, секретар на ДПМ
19:45 IV чин -- Мурал на Рацин
20:30 V чин -- Споменик на Рацин (Гимназија)
Учесници: Актери, ученици во Гимназијата „Кочо Рацин", Градскиот црковен хор „Св.вмч Пантелејмон", ФА „Керамичар", ВИА „Распеани велешани, Група „Соната", кајакари ...
21:00 РАЦИН -- МУГРАТА НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА
Свечено отворање на 51-те Рацинови средби
Обраќање на Градоначалникот на Општи Велес,
м-р Славчо Чадиев
- Беседа за Рацин
Беседник: проф.д-р Весна Мојсова Чипишевска
Хрватска поетска разгледница
Учесници: Членови на Друштвото на писатели на Хрватска
Врачување на Почесно рациново признание за 2014 година
-- портрет на добитникот
Врачување на Рациново признание за 2014 година
-- портрет на добитникот
Концерт во чест на добитниците
Место: Младински парк - фонтана
23:00 часот „Ноќ во стихови"
Настап на младите македонски поети и бендот „Ivannov Jazz Quartet"
Место: Кафулињата спроти споменикот на Рацин
14 јуни 2014 година (сабота)
11:00 часот „Дрво за вечна младост" -- засадување на Рациновата шума
Поетски митинг -- настап на македонските поети
Место: Спомен - костурница
20:30 „ЕЛЕГИЈА ЗА ТЕБЕ" -- проекција на филмот на Данчо Стефков и Васил Зафирчев
Место: Младински парк -- амфитеатар
Напомена: Во случај на неповолни временски услови програмата ќе се реализира во сала „Бели мугри"