Соопштенија

„Баскерфест" во Велес на 6 и 7 јуни 2014

Познатиот уличен фестивал „Баскерфест" оваа година по втор пат ќе се одржи и во Велес. „Баскерфест" ќе се одржи на 6 и 7 јуни 2014 година (петок и сабота) во Младинскиот парк. Ова е фестивал со уникатен концепт и нова, поинаква понуда. Баскер ја пречекува публиката со улични артисти и музика во живо, со низа различни понуди за незаборавна забава: претстави, пантомима перформанси, улични танчери, креативни активности - вистински сплет на културни, забавни и уметнички содржини!

Целта на фестивалот е да им приреди на сите посетители несекојдневно искуство. „Баскерфест" е огромен забавен парк за иновации и креативност, во кој сите се добредојдени да се придружат. Присуството на фестивалот е бесплатно за сите посетители! Уличните фестивали се значајна културна атракција во многу земји, а благодарение на „Баскерфест", на оваа листа се вклучува и Македонија со првиот меѓународен и мултикултурен уличен фестивал кај нас, признат како најголем настан од ваков вид во регионот.