Соопштенија

Јавен повик за семејства - домаќини на волнтер на Мировниот корпус на САД

Општина Велес и Мировниот Корпус на САД, ја известуваат јавноста дека на 14 септември 2014 година, во Македонија ќе пристигне нова група волонтери од Соединетите Американски држави. Од 20 септември 2014, волонтерите ќе се преселат во семејствата-домаќини, во заедниците каде ќе биде организирана нивната обука.

 

Се повикуваат сите семејства од Велес заинтересирани да бидат домаќини на волонтер на Мировниот корпус на САД да се пријават во Општина Велес со цел навремено да се организира сместувањето на волонтерите во периодот од 20 септември до 28 ноември 2014 година.

Заинтересираните семејства можат да се пријават кај одговорното контакт лице во Општина Велес Јадранка Стефкова, секој работен ден од 08 до 16 часот на следните контакти:

Канцеларија: 043 232 406 локал 114
Службен мобилен телефон: 070 302 219
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.