Соопштенија
Известување за обука на тема - Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер организира обука на тема: Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Обуката за граѓаните на Велес ќе се спроведе на 10 јуни со почеток во 9,00 часот во Големата сала на Општина Велес.
Се повикуваат сите заинтересирани граѓани за присуство.