Соопштенија

Промоција на новата Велешка гемија

25.06.2014 година
Младински парк: Амфитеатар
Почеток: 20:30 часот

 

Во периодот од 1853-1856 г. за време на Кримската војна, во Велес започнала трговија со Солун по реката Вардар со помош на бродови наречени гемии (или кораби, салови). Во Велес првите гемии се изработувале на местото викано Врежот, до Мало мовче, каде и се товарале. Годишно за Солун се пуштале и по 10.000 гемии, со кои се остварувале значителни трговски приходи. Гемијата имала шестоаголен облик и ја управувале двајца кормилари.Била долга 8, а широка 3 метри.Се изработувала од топола или бор. Имала носивост од 500 до 600 килограми. Со гемиите се превезувале памук, тутун, жито, афион, сончоглед, кои биле носени во Велес од цела Македонија, како и од другите балкански земји. Гемијата патувала до Солун 3 -5 дена. Tаму била растоварана и растурана, a штиците биле продавани на пазарот како градежен материјал. Гемијата му донела на Велес голем просперитет во времето на националната преродба и го направила голем трговски, културен, образовен и духовен центар на Македонија, се до доаѓањето на железницата во 1873 година.

Во близина Мало мовче на местото викано Вреж се наоѓало првото бродоградилиште за гемии

 

Група Велешани пловат со гемија по реката Вардар

 

Пристаниште на гемиите во месноста Дворови на десната страна на реката Вардар 1860-1868 година