Соопштенија

ПОКАНА - за пријавување на семејства за вклучување во Програмата за нови домови во Велес

Хабитат Македонија ги повикува заинтересираните граѓани од Општина Велес да се пријават за вклучување во Програмата за нови домови во Велес. 

 

Документите: Образец за пријавување, Технички детали за домовите, Услови на финансирање, како и Услови за селекција на семејствата можат да се преземат подолу на страницата или да се подигнат во канцеларијата на Хабитат Македонија во Велес (ул. Невена Георгиева Дуња бр. 4A, стан број 1, приземје), секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот.

Пополнетите пријави треба да се достават до канцеларијата на Хабитат Македонија во Велес најдоцна до 14 јули 2014 година до 16.00 часот. Контакт телефон: Канцеларија Велес 070 224 286, Канцеларија Скопје 02 30 61 890. 

Здружението за хумано домување Хабитат Македонија е организација чија основна цел е елиминирање на супстандардното домување во Македонија преку обезбедување едноставни, пристојни и пристапни домови за семејства со ниски примања. Активностите на Хабитат Македонија вклучуваат изградба, финансирање, застапување, јакнење на капацитетите на целната група и развој на заедниците. 

Документи за преземање:

  1. Образец за пријавување
  2. Податоци за носителот на пријавата
  3. Упатство
  4. Изјава
  5. Услови за финансирање
  6. Технички параметри

Извор: http://www.habitat.org.mk/mkd/o_veles2014.html