Соопштенија
Апел до граѓаните на Велес
ЈКП „Дервен“ изминативе два месеца максимално ги вложи своите професионални и технички капацитети за да му подари на Велес, поточно на граѓаните на Велес, парковска површина на која можат да позавидат и многу поголеми градови и урбани средини. Покрај материјални средства, во новиот парк кај училиштето „Васил Главиниов“ се вложи многу љубов кон својот град и желба да докажеме дека Велес и велешани заслужуваат да го имаат најубавиот парк.
Апелираме до Вас почитувани сограѓани, чувајте го новиот парк. Нека остане наша гордост. Наместо за поправка на фонтаната и урбаната опрема нека останат средства за нов парк, за ново катче за игра и одмор. Да не се уништува направеното! Чувајте ја тревата и цвеќето! Чувајте ја урбаната опрема – клупите, корпите, канделабрите. Тие се купени со пари на граѓаните, им припаѓаат на граѓаните. Колку подобро ќе ги чуваме, толку подолго ќе ги имаме.