Соопштенија

Оглас бр.1/2014 - за давање под закуп на деловни простории од имот сопственост на Општина Велес по пат на јавно наддавање (прв пат)

Врз основа на член 64 и 67 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр, 5/02), а во согласност со член 4 од Одлуката за утврдување начин на времено користење административни и деловни простории од објект во м.в.„Димитар Влахов“, сопственост на Општина Велес бр. 07-4024/10 од 12.06.2013 година, донесена од Советот на Општина Велес

Комисијата за спроведување на постапка за издавање под закуп на простории од објект во м.в.„Димитар Влахов“, сопственост на Општина Велес, формирана од Советот на Општина Велес со Решение бр. 07-5640/10 од 29.08.2013 година, објавува

ОГЛАС Бр 1/2014
за давање под закуп на деловни простории од имот сопственост на Општина Велес по пат на ЈАВНО НАДДАВАЊЕ (прв пат)

 

 

 

1.ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронското јавно наддавање Е ИЗДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП НА ДЕЛОВЕНИ ПРОСТОРИ, за период од 3(три) години од денот на потпишувањето на Договор за закуп со најповолниот понудувач.

2. ПОДАТОЦИ ЗА ПРОСТОРИИТЕ КАКО ДЕЛ ОД НЕДВИЖНАТА СТАВАР КОИ СЕ  ДАВААТ ПОД ЗАКУП

Деловени простори кои се предмет на закуп се наоѓаат на КП 2831 на ул. „Димитар Влахов“ бр.57 Велес, кои се дел од недвижниот објект-поранешен т.н.„Пензионерски“. Истите се запишани во ИЛ бр. 29431 за КО Велес, сопственост на Општина Велес.

Предмет на закуп се просториите:

Ред. број

Број на деловна просторија

М2

Почетна цена на месечна закупнина/ден.

Висина на 10% депозит/ден.

Миминален
 чекор на наддавањето/ден.

1

ДП 1

15,39

2.450

245

100

 2

ДП 5

12,76

1.660

166

100

 3

ДП 6

12,21

1.600

160

100

 4

ДП 8

12,58

1.600

160

100

 5

ДП 9

12,02

1.600

160

100

 6

ДП 10

12,58

1.600

160

100

7

ДП 23

10,56

2.100

210

100

 8

ДП 24

10,56

2.100

210

100

 9

ДП 25

10,56

2.100

210

100

 10

ДП 26

10,56

2.100

210

100

 

З. ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на јавното наддавање имаат сите заинтересирани домашни или странски физички и правни лица, кои ги исполнуваат условите од Огласот.

Деловните простории се издаваат под закуп поединечно и истите можат да се видат секој работен ден од 13.00 до 16.00 часот  со претходна најава и присуство на претставник од Комисијата за спроведување на постапка за издавање под закуп на простории од објект во м.в.„Димитар Влахов“, сопственост на Општина Велес.

4. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ:

Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат писмена Пријава за учество на јавното наддавање, согласно условите од Огласот, во затворен плик со назнака „не отварај" и со назнака „за објава за издавање под закуп на деловен простор број 01/2014" адресирана до Комисијата за спроведување на постапка за издавање под закуп на простории од објект во м.в.„Димитар Влахов“, сопственост на Општина Велес, со адреса ул. „Панко Брашнар“ бр.1 Велес, (во писмена форма) комплетирана со следните прилози:

  • Пријава пополнета и потпишана лично од подносителот во која се наведен генералиите на понудувачот (име, презиме, точна адреса, кои документи се поднесуваат кон пријавата и изјава дека најповолниот понудувач постигнатата цена од аукцијата ќе ја плати во рок од 30 дена), согласно условите од Огласот;
  • Доказ за платен депозит;
  • Доказ за идентитет:
  • за физичките лица - фотокопија од лична карта на увид;
  • за правните лица тековна состојба од Централен регистар на Република Македонија, (доколку се работи за странски понудувач да се достави соодветен документ каде што понудувачот е регистриран издаден од надлежен орган или изјава на нотар заверена кај надлежен орган-со превод).
  • е-маил адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронското јавно наддавање, односно  ќе му бидат испратени  корисничко име и шифра за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање Пријавите кои не се комплетирани со овие докази нема да учествуваат на електронското јавно наддавање за што ќе бидат електронски известени.

Огласот трае 15 (петнаесет) дена почнувајќи од  16.07.2014 година заклучно со 30.07.2014 година. Јавното   наддавање   ќе   се   одржи   електронски   на   следната   интернет страница www.deloven-prostor.mk 

Јавното наддавање ќе започне на ден 08.08.2014 година(петок) и тоа:

  • за ДП 1 започнува во 10:00 и ќе трае до 10:15;
  • за ДП 5 започнува во 10:30 и ќе трае до 10:45;
  • за ДП 6 започнува во 11:00 и ќе трае до 11:15;
  • за ДП 8 започнува во 11:30 и ќе трае до 11:45;
  • за ДП 9 започнува во 12:00 и ќе трае до 12:15;
  • за ДП 10 започнува во 12:30 и ќе трае до 12:45;
  • за ДП 23 започнува во 13:00 и ќе трае до 13:15;
  • за ДП 24 започнува во 13:30 и ќе трае до 13:45;
  • за ДП 25 започнува во 14:00 и ќе трае до 14:15;
  • за ДП 26 започнува во 14:30 и ќе трае до 14:45;

 

5.ПОЧЕТНА ЦЕНА

Почетната цена на месечна закупнина за секоја деловна просторија е утврдено погоре во табелата.

Цената која ќе биде постигната со јавното наддавање, ќе биде утврдена како цена на месечна закупнина на секоја просторија пооделно, и истата треба да биде уплатена однапред за првите три месеца. За останатиот период на плаќање на закупнината ќе биде утврдено во договорот.

НАПОМЕНА: Сопственикот на објектот, ги известува сите заинтересирани субјекти дека во понудените простории ќе се извршува поединечно оддвојување на водомер и контролен саат за струја. Трошоците за оваа намена ќе паднат на терен на закупувачот. Вложените средства ќе бидат засметани во месечната закупнина, утврдени по доставени фактури за вложените средства.

Понудувачот кој ќе биде избран за најповолен закупувач, должен е во рок од 3 дена да го уплати целиот износ на постигнатата цена –тримесечна закупнина  и со него ќе се склучи договорот во кој ќе бидат регулирани сите права и обврски на двете договорни страни. Во спротивно го губи правото на закупувач , ќе се смета дека договорот не е потпишан и нема да му биде вратен износот од 10 % вложен пред почетоткот на јавното наддавање.

Доколку има второ пласиран понудувач и ги исполнува условите  по огласот на истиот ќе му биде понудено потпишување на договор за закуп, во спротивно ќе се смета дека не е извршен избор и постапката ќе се повтори според истите услови.

6.ДЕПОЗИТ

Co уплатениот депозит, понудувачот се стекнува со право на учество во јавното наддавање, за избор на најповолен понудувач за склучување на договор за закуп на деловен простор.

Депозитот се враќа во целост на учесниците кои не се избрани за најповолен понудувач, во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање.

Депозитот се уплаќа на благајна во Општина Велес.

7.ПОСТАПКА

Јавното   наддавање   започнува   со   објавување   на   почетната   цена на месечната закупнина и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.

Јавното наддавање ќе се одржи и доколку по Огласот се пријавил само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во Огласот и ја наддаде почетната цена.

Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во огласот, при што доколку во истекот на последните две минути од определеното време на траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда.

Јавното наддавање  продолжува неограничено се додека во  временски интервал од две минути има нова понуда.

Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање, во рок од три дена од одржувањето на јавното наддавање кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање.

Учесниците имаат право на Приговор само по однос на постапката за јавно наддавање, во рок од три дена од одржувањето на јавното наддавање до Комисијата која одлучува по приговорот со Решение во рок од пет дена од приемот на Приговорот.

За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена за закупнина која претставува највисока цена за закуп.

Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на завршување на постапката за јавно наддавање е должен да уплати средства согласно постигнатата крајна цена за месечна закупнина, и во рок од пет работни дена по извршената уплата на месечната закупнина, се склучува Договор за закуп на деловен простор.

Обврската за трошоци за солемнизација на Договорот паѓа на товар на закупецот на деловниот простор.

 

За сите дополнувања може да се информирате на тел: 043 232-406, или на 075/204 800

 

Комисијата за спроведување на постапка за издавање под 
закуп на простории од објект во м.в. „Димитар Влахов“, 
сопственост на Општина Велес