Соопштенија

НАЈАВА - Концерт во чест на Илинден

Почитувани,

Општина Велес Ве поканува на „Концерт во чест на Илинден“ како дел од топлиот културен бран во Велес. Настанот ќе се одржи на 30 Јули(Среда) со почеток во 20:30 часот во амфитеатарот на младинскиот парк, а настап ќе има квартетот на маестрото Зоран Џорлев – „Македонска душа“

 

Квартетот МАКЕДОНСКА ДУША е состав од веќе познати реномирани уметници за домашната и странска публика коишто ја започнаа првата неофицијална соработка од март 2014 година.

Како резултат на нивно претходно меѓусебно познавање и дружење, спонтано се наметнува иницијатива за заедничко музицирање, размена и спој на музички искуства коишто за првпат како трио се најдоа на едно место на Етно фестивал во Равена- Италија.

Членови на составот се:
Зоран Џорлев (виолина и тамбура)
Бајса Арифовска (кавал, ут, виолина и клавијатура)
Ратко Даутовски (перкусии)
Наско Џорлев (гитара и тамбура)

Својот репертоар го обликуваат пред се во духот на традиционалната македонска музика која изобилува со специфичности, шареноликост во бои, ритмика и мелодичност.

Тука ке се најдат и обработки и авторски дела на Џорлев и Арифовска кои изобилуваат со препознатливост и уникатност во стилско изразување и динамичност, спој на различни традиции...

Како учесници во различни проекти секој поединечно, овие музичари ке продолжат со настапи и концертни активности во земјава и странство со цел презентација и афирмација на оригиналниот македонски музички код и доза на индивидуален и иновативен призвук кој остава простор секој слушател да го доживее на свој начин.

Ги покануваме сите Велешани да присуствуваат на овој настан.