Соопштенија
Соопштение - подготвка на нацрт-програмите за активностите на Општина Велес во 2015 година
Почитувани,
Во текот на септември 2014 година ќе се подготвуваат нацрт-програмите за активностите на Општина Велес во 2015 година во областа на:
- образованието,
- културата,
- социјална заштита
- здравствена заштита,
- спорт и млади,
- поддршка на НВО секторот,
- меѓународна соработка,
- локален економски развој,
- заштита на животна средина,
- комунални дејности,
- урбанистичко планирање
Сите институции, здруженија на граѓани и поединци кои имаат предлози од поширок интерес на заедницата и конструктивни идеи за активности што треба да се реализираат во 2015 година, можат да ги доставуваат до службите во Општина Велес.
Предлозите се доставуваат на образец што Ви е достапен во електронска форма на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk. (превземи обаразец)
Предлозите се доставуваат до Општина Велес, ул. „Панко Брашнар“ бр.1. најдоцна до 20.9.2014 година.
По нацрт-програмите ќе бидат организирани јавни расправи на кои можат да учествуваат сите заинтересирани граѓани.
КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СРЕДСТВА НА НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ:
Граѓанската организација што ќе аплицира за добивање средства од Буџетот на Општина Велес за реализирање на проект/активност – самостојно или во партнерство со други субјекти (граѓански организации, установи, институци, бизнис сектор и сл.) мора да ги исполнува следните критериуми:
- Барањето со потребната документација да го приложи во периодот утврден во објавата за прибирање предлози
- ГО да е со седиште во Општина Велес,
- Да има сопствена жиро сметка
- Да делува најмалку 2 години
- Да има реализирано проекти/активности од кои може да се види потенцијалот со кој располага (референтна листа)
- Да има доставено финансиски извештај за реализирани проекти/активности финансирани од Општина Велес во претходната година
- Активностите/проектите што ќе го реализира да се од интерес на граѓаните на Велес.
Со почит,
Градоначалник
на Општина Велес,
м-р Славчо Чадиев