Соопштенија

Прв велешки пливачки маратон

 

Оваа година за прв пат во водите на Езеро Младост ќе се одржи Пливачки маратон на кој ќе бидат запазени сите пропозиции за одржување на манифестација од ваков вид.

 

Пливањето е во круг по претходно обележана патека. Еден круг изнесува 2,5 километри. Има три категории: 2,5 километри, 5 километри и олимписка дисциплина 10 километри во машка и женска конкуренција. Учесници на натпреварувањето можат да бидат сите пливачи од Република Македонија, организирани во клубови или надвор од нив. Пријавувањето на кандидатите се врши на веб-страната на ЈПУЗПП „Јасен” (www.jasen.com.mk) и на веб-страната на Пливачката федерација на Република Македонија (www.pfm.org.mk).

Пливачкиот маратон се организира од страна на ОО Црвен крст Велес – Безбедност на вода и Кајак клубот „Бабуна” од Велес, а под покровителство на Општина Велес и Пливачката федерација на Република Македонија.