Соопштенија

СТАРТУВА II-РАТА ЕТАПА НА ПРОЕКТОТ ТОПОЛ КУЛТУРЕН БРАН

Со целовечерен концерт на Кумановскиот тамбурашки оркестар на 20.08.2014 година стартува втората етапа на проектот Топол културен бран.
Место на одржување: Младински парк, почеток 20:30 часот.

 

На 26.08.2014 со почеток во 19:30 во Ликовниот салон ќе се одржи концертот Дуо пијано на Габриела Бачманова и Илија Настовски од Велес, професори по пијано. Ќе бидат изведени дела од Бах, Клементини, Хачатуријан, Бетовен, Дворжак и Пјацола.
Истата вечер во Ликовниот салон со почеток во 20:30 часот ќе се промовира збирката афоризми „Кочење во тројка“ од авторите Димитар И.Вилазорски, Миле Ѓорѓиоски и Васил Толевски.
Промоцијата е во организација и по избор на Друштво на писатели „Кочо Рацин“ од Велес и Локалната библиотека „Гоце Делчев“.

Годинешниот Топол културен бран ќе го затвориме со концертот „Апасионато“ на гудачкиот квартет под раководство на Пламенка Трајковска на 27-ми август 2014 година во 20:30 часот.
Место на одржување: Младински парк.