Соопштенија
СООПШТЕНИЕ - ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА за изработка на ЛУПД - Караслари
Врз основа на член 50 а од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на Р.М. број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното
СООПШТЕНИЕ
Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
за Локална урбанистичка планска документација со намена Д3- спорт и рекреација на дел од КП 960 и дел од КП 959 КО Караслари Општина Велес,
Локацијата која е предмет на изработка на Локална урбанистичка планска документација се наоѓа на влезот од север во населното место Караслари, на север граничи со дел од КП 959, на исток граничи со дел од КП 958, на југ граничи со дел од КП 960 и дел од постоен земјен некатегоризиран пат.
Се работи за локална урбанистичка планска документација со површина на планскиот опфат од 0,38 hа.
Локална урбанистичка планска документација со намена Д3- спорт и рекреација на дел од КП 960 и дел од КП 959 КО Караслари Општина Велес,ќе биде изложен во Граѓанскиот сервис центар од 19.08.2014 – 25.08.2014 година секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот.
Локална урбанистичка планска документација ќе биде изложена и на веб страната на Општина Велес – www.veles.gov.mk
Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.
Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 21.08.2014 година (четврток) со почеток во 12.30 часот.
Градоначалник
на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев