Соопштенија

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена - ДУП за дел од Велес, за локалитет дел од УЕ 7, дел од УБ 41

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина Службен весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13 и 187/13 на ден 20. 08 2014 година, Градоначалникот на Општина Велес донесе

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена


1.За планскиот документ ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН за дел од Велес, за локалитет дел од УЕ 7, дел од УБ 41, Општина Велес кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр.51/05, 137/07, 91/09, 124/10,18/11, 53/11,144/12, 55/13, 163/13 и 42/14), не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.

2.Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk
3.Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена, донесувањето на ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН за дел од Велес за локалитет, дел од УЕ 7, дел од УБ 41, Општина Велес, нема да има влијание врз животната средина од следните причини:
• Донесувањето на планскиот документ опфаќа мала област од локално значење. Во моментот е градежно земјиште и е со намена А-домување, А1- домување во станбени куќи, А2- домување во станбени згради, А3- групно домување, ученички дом - интернат и Е1- сообраќајна инфраструктура
• Со планскиот документ се планира реализирање на проект што не е предвиден со Уредбата за определување на проектите и критериумите врз кои се утврдува потребата за спроведување на постапка за оцена на влијанието врз животната средина.
• Со планскиот документ се планираат нови и се потврдуваат и прошируваат постојните градби со намена А-домување, односно А1- домување во станбени куќи, А2- домување во станбени згради, А3- групно домување, ученички дом- интернат и Е- инфраструктура, односно Е1-сообраќајна инфраструктура
4.Против оваа одлука може да се поднесе жалба преку овој орган до Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на животна средина и просторно планирање, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страната.

бр.08-6544/1
20.08.2014
Велес

ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев