Соопштенија

Јавен повик за пројавување на интерес за ангажирање тренери за потребите на дисперзираните класови на спортската академија

Согласно Законот за спортска академија („Сл. весник на РМ“ бр. 115/15), Општина Велес на ден 21.08.1014 година, објавува

ЈАВЕН ПОВИК
за интерес
Повик за пројавување на интерес за ангажирање тренери за потребите на дисперзираните класови на спортската академија

за ангажирање на :
- Два фудбалски тренери (еден тренер за работа со фудбалери и еден тренер за работа со голмани) на ученици во паралелката за фудбал

 

Повикот се објавува во согласност со Правилникот за работа на центарот за едукација при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Конвенцијата за меѓусебно признавање на тренерски квалификации на УЕФА и Правилата на Ракометната федерација на Македонија (РКФ).

Услови кои кандидатите треба да ги исполнат се:

1.За позицијата тренер на фудбалери или голмани:
-да поседува најмалку УЕФА А тренерска диплома;
-потврда за најмалку 2 (две) години клубска работа во соодветната категорија за која е кандидат во последните 5 (пет) години или потврда за најмалку 5 (пет) години стаж како тренер со соодветна диплома издадена од ФФМ;
-потврда дека не е осудуван;
-потврда дека не му е изречена дисциплинска мерка од страна на дисциплински орган на ФФМ во последните 5 (пет) години;
-да има програма за работа за периодот за кој се избира со предлог очекувани резултати;
-да поседува комуникациски, организациски и менаџерски способности, како и способности за пренесување на знаења и вештини;
-потврда за постигнати резултати во неговата тренерска кариера;
-лекарско уверение издадено од специјализирана здравствена установа (завод за спортска медицина и сл.

Изборот на кандидатите ќе го врши комисија составена од претставници на соодветната спортска федерација и општината.
Сите заинтересирани кандидати својата пројава на интерес , со сите потребни документи во оригинал, треба да ги достават до Општина Велес во затворено плико со назнака за („Јавен повик -за тренер за Спортската Академија) по пошта на адреса, ул.„Панко Брашнар“ бр. 1, или лично во архивата во Општина Велес, рок од 3 (три) дена од денот на објавувањето.

Број 08-6578/1
21.08.2014 година
Велес

за Општина Велес
Градоначалник
м-р Славчо Чадиев