Соопштенија
СООПШТЕНИЕ - Јавна презентација и Јавна анкета по Предлог Детален урбанистички план УЕ 2, УБ 12 Велес
Врз основа на член 24 и 24а од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното
СООПШТЕНИЕ
Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
за Предлог Детален урбанистички план за УЕ 2, УБ 12 Велес, Општина Велес плански период 2014-2019 год.
Границите на планскиот опфат се следните:
На север започнува од пресекот на границата на планскиот опфат и ул. „Скопски Пат“ и се движи на југ по осовината на улицата, потоа продолжува на запад по границата на КП 15651, па на југ по границата на КП 15651 и КП 15900 а потоа на север по границата на КП 16827 се до границата на планскиот опфат на град Велес од каде продолжува на исток до осовината на улицата „Скопски Пат“.Површината на планскиот опфат изнесува 28,54 ха.
Предлог Детален урбанистички план за УЕ 2, УБ 12 Велес, Општина Велес плански период 2014-2019 год. ќе биде изложен во Граѓанскиот сервис центар од 25.08 2014 – 09.09 2014 година, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот.
Предлог планот ќе биде изложен и на веб страната на Општина Велес – www.veles.gov.mk
Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.
Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 27.08 2014 година (среда) со почеток во 12.00 часот.
Градоначалник
на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев