Соопштенија
Јавен повик за пројавување на интерес за ангажирање тренери за потребите на дисперзираните класови на спортската академија
Согласно Законот за спортска академија („Сл. весник на РМ“ бр. 115/15),Општина Велес на ден 27.08.1014 година, објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за интерес
Повик за пројавување на интерес за ангажирање тренери за потребите на дисперзираните класови на спортската академија
за ангажирање на :
-Еден ракометен тренер
Време на ангажирање –една учебна година
Повикот се објавува во согласност со Правилникот за работа на центарот за едукација при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Конвенцијата за меѓусебно признавање на тренерски квалификации на УЕФА и Правилата на Ракометната федерација на Македонија (РКФ).
Услови кои кандидатите треба да ги исполнат се:
-да ги исполнува условите утврдени во член 27, 28 и 29 од Законот за спортот или да поседува соодветна Диплома и А Лиценца за тренер издадена од страна на РФМ;
-да поседува стручни и професионални знаења во струката, при што се земаат во предвид задолжително поседување на меѓународни сертификати;
-потврда за најмалку 2 години клубска работа во соодветната категорија за кој кандидат и тоа во последните 5 години или минимум 10 години работа во национална селекција на Република Македонија;
-потврда за минимум 5 години работен стаж како тренер;
- да не е осудуван;
-програма за работа за периодот за кој се избира со предлог очекувани резултати;
-да поседува ккомуникациски, организациски и менаџерски способности, како и способности за пренесување на знаење и вештини;
-потврда за познавање на најмалку еден светски јазик и
-постигнати резултати во неговата професионална кариера, (освоено првенство, куп или настап во евро куповите.
Изборот на кандидатите ќе го врши комисија составена од претставници на соодветната спортска федерација и општината.
Сите заинтересирани кандидати својата пројава на интерес , со сите потребни документи во оригинал, треба да ги достават до Општина Велес во затворено плико со назнака за („Јавен повик -за тренер за Спортската Академија) по пошта на адреса, ул.„Панко Брашнар“ бр. 1, или лично во архивата во Општина Велес, рок од 3 (три) дена од денот на објавувањето.
Број 08-6680/1
27.08.2014година
Велес
за Општина Велес
Градоначалник
м-р Славчо Чадиев