Соопштенија

СМОТРА НА СТАРОГРАДСКИ МАКЕДОНСКИ ПЕСНИ

Во чест на 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија на 6.09.2014 година во Младинскиот парк со почеток од 20.00 часот ќе се одржи Смотра на староградски македонски песни. На овој традиционален концерт учество ќе земат ансамбли од Радовиш, Гевгелија, Валандово, Струмица и велешката група „Распеани велешани“. Посебно задоволството е да се присуствува на овој празничен и несекојдневен настан во нашиот град.