Соопштенија

СООПШТЕНИЕ - ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА (Нацрт ДУП за дел од УЕ 1, УБ 10, Велес)

Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на


ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

за Нацрт ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН за дел од УЕ 1, УБ 10, Велес, Општина Велес плански период 2014-2019 год.

 

Границите на планскиот опфат се следните:

На север границата започнува со пресек на улицата „АСНОМ“ (поранешна „Моша Пијаде“) со железничката пруга Велес- Битола и се движи по осовината на железничката пруга Велес- Битола на јужна страна кон запад до пресек со улицата „Андон Шурков“
На запад границата се движи по осовината на улицата „Андон Шурков“ и кон север продолжува до пресек со улицата „АСНОМ“ (поранешна „Моша Пијаде“).
Површината која ја зафаќа планскиот опфат изнесува 11,07 ха
Нацрт ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН за дел од УЕ 1, УБ 10, Велес, Општина Велес плански период 2014-2019 год. ќе биде изложен во Граѓанскиот сервис центар од 09.09 2014 – 22.09 2014 година, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот.
Нацрт планот ќе биде изложен и на веб страната на Општина Велес – www.veles.gov.mk

Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.
Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 17.09 2014 година (среда) со почеток во 12.00 часот.

Градоначалник
на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев