Соопштенија
ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на такси возачи вработени во правни лица лиценцирани за вршење на авто-такси превоз од Општина Велес, за посетување на обука за изучување на англиски јазик
Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02) и член 8 став 1 точка 4 од Законот за превоз во патниот сообраќај (,,Сл. весник на РМ ” бр.68/04,127/06,114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13 и 42/14),
Градоначалникот на Општина Велес го објавува следниот
ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на такси возачи вработени во правни лица лиценцирани за вршење на авто-такси превоз од Општина Велес, за посетување на обука за изучување на англиски јазик
1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
1.1.Предмет на јавниот повик е пријавување на такси возачи вработени во правни лица лиценцирани за вршење на авто-такси превоз од Општина Велес, за посетување на обука за изучување на англиски јазик.
1.2.Обука за изучување на англиски јазик опфаќа посетување на предавање кое ќе го вршат професори по Англиски јазик.
1.3.Обуката ќе содржи 80 часови односно 40 блок часови.
1.4.Трошоците за обуката за изучување на англиски јазик се обезбедуваат од Буџетот на Општина Велес.
2.ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК
2.1.Право на учество на јавниот повик имаат сите такси возачи вработени во правните лица лиценцирани за вршење на авто-такси превоз од страна на Општина Велес и кои ги исполнуваат следниве услови :
- лицата да не бидат постари од 62 години
- да се вработени како такси возачи.
2.2.Пријавените кандидати ќе бидат известени за периодот, местото и условите за одржување на обуката за изучување на англиски јазик.
3.НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА
3.1.Лицата од точка 2 поднесуваат пријава до архивата во Општина Велес (која може да се подигне од општинскиот сервис центар или да се превземе од интернет страната www.veles.gov.mk).
3.2.Кон пријавата се доставува следнава документација:
- Копија од лична карта;
- Копија од М1/М2 образец за лицето што се пријавува.
3.3.Пријавите може да се достават во рок од 45 дена од денот на објавување на јавниот повик.
3.4.Секоја пријава доставена после рокот на достава утврден со овој повик, ќе се смета како нанавремена и истата ќе биде отфрлена.
Број 08-6939/1
09.09.2014 година
Велес
Градоначалник на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев
- Пријава (.docx)