Соопштенија
ЈАВЕН ПОВИК - за пријавување за добивање на Сертификат за авто-такси возач
Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02), член 8 став 1 точка 4 од Законот за превоз во патниот сообраќај (,,Сл. весник на РМ ” бр.68/04,127/06,114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13 и 42/14), a во согласност со Правилникот за постапката и Програмата за полагање на испитот за добивање на сертификат за авто-такси возач, формата и содржината на Уверението за положен испит и Сертификатот за авто-такси возач(„Сл. весник на РМ“ бр.98/14). Градоначалникот на Општина Велес го објавува следниот
ЈАВЕН ПОВИК
за пријавување заитересирани лица од Општина Велес, за полагање на испит за добивање на Сертификат за авто-такси возач
1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
1.1.Предмет на јавниот повик е пријавување на заитересирани лица од Општина Велес, за полагање на испит за добивање на Сертификат за авто-такси возач.
1.2.Испитот го спроведува посебна Комисија за полагање на испит за авто-таски возач,формирана од Градоначалникот.
1.3.Испитот се врши кај посебен правен субјект кои ги исполнува законските услови за полагање на испит.
1.4.Трошоците за полагање на испитот паѓаат на товар на возачот.
2.ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК
2.1.Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани лица од Општина Велес, со поднесување на Пријава која содржи:
-Име и презиме на кандидатот;
-Датум,година и место на раѓање;
-Адреса на живеалиште или престојувалиште;
-Број на лична карта и матичен број.
2.2.Пријавените кандидати кон пријавата се должни да достават и Потврда за завршена обука од правно лице кое е овластено од Општината за стручно оспособување на кандидатите.
3.НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА
3.1.Лицата од точка 2 поднесуваат Пријава до архивата во Општина Велес, најдоцна два дена пред денот на одржување на испитот.
4.ИСПИТ
4.1.Испитот се спроведува еднаш месечно.
4.2.Испитот се состои од теоретски дел кој се полага писмено во форма на тест.
4.3.Испитот содржи испитни прашања од две тематски области и тоа:
-безбедност на сообраќајот на патиштата и
-превоз на патниците.
По спроведувањето на испитот доколку возачот го положи испитит ќе му биде издадено посебно Уверение за положен испит, а во рок од 30 дена му се издава Сертификат за авто-таски возач.
Број 08-6938/1
09.09.2014 година
Велес
Градоначалник на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев