Соопштенија
Покана - Работилницата за изработка на Стратегија за локален економски развој на Општина Велес
Почитувани,
Ве покануваме на 17.09.2014 година (среда) со почеток во 10.00 часот да учествувате на работилницата за изработка на Стратегија за локален економски развој на Општина Велес.
Настанот ќе се одржи во големата сала на Општината.
Учеството на поголем број граѓани е од исклучително значење за квалитетот на стратегијата.
Ви благодариме за соработката
Со почит,
Општина Велес
ДНЕВЕН РЕД
Работилница за подготовка на Стратегија за локален економски развој на Општина Велес
17 септември 2014 година, Општина Велес
10:00 – 10:05 |
Регистрација на учесниците |
10:05 – 10:10 |
Воведно обраќање, претставник на Општина Велес |
10:10 – 10:20 |
Вовед во стратешко планирање, Проф. Д-р Биљана Ангелова , експерт за ЛЕР |
10:20 – 10:30 |
Презентација за визија, Проф. Д-р Биљана Ангелова, експерт за ЛЕР |
10:30 – 10:50 |
Подготовка на Визија за Општина Велес, работа во групи |
10:50 – 11:00 |
Презентација за мисија, Проф. Д-р Биљана Ангелова, експерт за ЛЕР |
11:00 – 11:20 |
Подготовка на мисија за Општина Велес, работа во групи |
11:20 – 11:30 |
Пауза |
11:30 – 11:45 |
Вовед во SWOT анализа, Проф. Д-р Биљана Ангелова, експерт за ЛЕР |
11:45 – 12:20 |
SWOT анализа на економскиот развој во Општина Велес, работа во групи Група 1: SWOT анализа за туризам Група 2: SWOT анализа за земјоделие Група 3: SWOT анализа за работна сила Група 4: SWOT анализа за инфраструктура и урбанизам |
12:20 – 12:30 |
Заклучоци и Затворање на работилницата |