Соопштенија
РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „УРБАН ЅИД”
Општина Велес и Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија на ден 18.09.2014 (четврток) со почеток од 10.00 часот ќе го реализираат проектот „Урбан Ѕид“.
Учество земаат 20 средношколци, кои ќе цртаат апстрактна композиција на портокалова основа, со акрилна фасадна боја и спреови.
Површината за изведување на проектни активности се наоѓа на спојот на улицата „Благој Ѓорев“ со „Тодор Јанев“ т.е. потпорниот ѕид меѓу двете улици, под Трговскиот центар.
Со овој проект ќе им овозможи на младите да ја изразат својата креативност без да оштетат некој јавен објект, при што ќе имаат можност да творат и да цртаат графити. На тој начин, старите објекти и одредени површини од општината ќе добијат нов урбан лик.
Во рамките на реализацијата на проектот „Урбан Ѕид” во 12.00 часот, урбаниот ѕид ќе го посетатат Градоначалникот Славчо Чадиев и Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.
Со почит!
Општина Велес