Соопштенија

СООПШТЕНИЕ ПИТИЈАДА

Поради одржување на манифестацијата „ Велешка Питијада 2014 “ на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес во периодот од 09.10.2014 година со почеток во 10.00 часот па се до 12.10.2014 година до 24.00 часот, сообраќајот времено се преуредува и тоа:

- Ќе биде затворена за сообраќај улицата „Благој Ѓорев“, од крстосницата со ул.,, 8-ма Велешка бригада“ и ул. ,,Тодор Христов Офицерчето“ до крстосницата со улица ,,Љубљанска“.

- Заради тоа во тој временски период одвивањето на сообраќајот ќе биде пренасочено за возачите кои ќе се движат од Нова населба кон центар и кон Којник сообраќајот ќе се одвива по ул. ,,Благој Ѓорев“, со свртување кон ул. ,,Борис Трајковски“, до Трговскиот центар па продолжува по ул ,,АСНОМ“ и ул. ,,Алексо Демниевски Бауман”.

- Сообраќајот по ул. ,,Алексо Демниевски Бауман“, од пошта до бензинската пумпа на „Макпетрол“ ќе се одвива двонасочно како и по ул. ,,Благој Ѓорев“ на потегот од Пошта до новата зграда на театарот ,,ЈХК Џинот“.

- На оние граѓани кои гравитираат кон ул. ,,Тодор Јанев“, ,ул. ,,Киро Ќучук“ и ул. ,,8-ма Велешка бригада“ ќе им биде дозволена пристапност кон ул. ,,Благој Ѓорев“ до плоштадот ,,Македонија“ („Авона“) како и пристап од ул. „Тодор Христов Офицерчето“.

 

- Се замолуваат сите граѓани да не ги паркираат возилата на ул. ,,Благој Ѓорев,, на ул „Лазо Осмаков“ и на паркингот кај стоковната куќа „Сако- трејд“.

- Движењето на возилата по ул. ,,Наум Наумовски“ се дозволува исклучиво за возила за дотур на роба.

- Како резервни паркинг места се предвидени и обезбедени, паркинг во кругот на СОУ ,,Гимназија Кочо Рацин“, паркингот кај ЕВН, ул. ,,Алексо Демниевски Бауман“ (десна сообраќајна лента) кон железничка станица и паркингот пред зградата на Општина Велес.

- Заради непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, уредувањето на пренасочувањето на сообраќајот ќе биде со поставување на соодветна вертикална сигнализација – сообраќајни знаци, бариери и асистенција на полиција.

- Се замолуваат граѓаните на Општина Велес кон манифестацијата да пристапуваат без возила со цел да се растерети сообраќајот, да се обезбеди непречено одвивање на сообраќајот и да се ослободи место за паркирање за возилата што ќе пристигнат од другите градови.

Питијадата прерасна во бренд на Велес и е заедничка манифестација на сите велешани. Убедени сме дека и овој пат сите заедно ќе придонесеме за потврда на гостољубивоста и срдечноста по која се познати велешани.

Со почит,
м-р Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес