Соопштенија

Известување - „Македонија без отпад 2014“

Почитувани,

Веќе трета година Република Македонија се вклучува во глобалната акција Let`s Do It World, преку организирање на националната акција “Македонија без отпад 2014”, чии организатори се Министерството за животна средина и просторно планирање и асоцијацијата “Ајде Македонија”. Акцијата е со цел да се исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места и да се зголеми свеста кај граѓаните за правилно управување со отпадот.

Општина Велес и оваа година се вклучува во акцијата спроведувајќи ги следните активности:

- Чистење на дивите депонии
Согласно Планот за воведување на услугата собирање и транспортирање на отпад во руралните средини кој е усвоен од Советот на Општина Велес, започнувајќи од 01.11.2014 г. во населеното место Караслари за прв пат ќе се воведе организирано собирање на отпад од страна на ЈКП “Дервен”. По тој повод ќе се спроведе генерално чистење на неселеното место Караслари.
- Поделба на канти за отпадоци за граѓаните
Општина Велес набави канти за отпад за 230 домаќинства и го избра реонот со улиците: „Костурска”, „Андреја Дамјанов”, „Пајак Планина” и „Партение Зографски” како пилот фаза за дистрибуција на стандардизирани канти за комунален отпад од 120 литри.
- Училишни акции
Во секое општинско училиште ќе се организираат акции за чистење и уредување на училиштето и училишните дворови, како и собирни акции за селектиран отпад.

Акцијата ќе се спроведе на 18.10.2014 г. (сабота), со почеток во 09.00 часот.

Со почит,
ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев